На iPhone ќе може сами да одберете стандардни апликации?

Објавено на 21.02.2020 во Новости



На iPhone ќе може сами да одберете стандардни апликации?

Apple сериозно размислува да им овозможи на корисниците на iPhone самите да ги одбираат стандардните апликации, односно да не бидат приморани само да ги користат апликациите кои се стандардни за iOs.

Тоа значи дека корисниците на iPhone ќе може да одберат кој интернет прелистувач ќе го користат наместо Safari, кој маил клиент ќе го користат, која апликација за пораки и итн. Ова доаѓа по притисокот кој го прави Spotify кој пред Европската Комисија го обвини Apple за монополска позиција и ограничување на конкуренцијата и изборот на корисниците.

Промените во одредувањето на стандардни апликации може најрано да се случи со новата софтверска надградба која ќе пристигне со оперативниот систем iOs 14.





Прочитајте повеќе: