Колку смартфони годинава ќе имаат 5G конекција?

Објавено на 21.02.2020 во Новости



Колку смартфони годинава ќе имаат 5G конекција?

5G мобилната револуција полека се реализира со се поголем број на мобилни оператори кои ја надградуваат нивната мрежна инфраструктура. Пробивот исто така се должи и на најпопуларните мобилни брендови како Samsung, Huawei, LG, Sony, Nokia и останатите кои речиси сите нови премиум модели ги планираат со 5G мобилна конекција.

Зголемувањето на рисуството на 5G мобилната конекција се должи и на повеќе кинески брендови кои лансираат се поевтини 5G смартфони со квалитетни перформанси во средните класи.

Затоа според прогнозите кои ги направи Strategy Analystics до крајот на 2020 година речиси 15% од сите мобилни уреди ќе имаат 5G мобилна мрежа.