Huawei сака да ја поддржи дигитализацијата на Европа и да го забрза растот

Објавено на 22.02.2020 во Новости



Huawei сака да ја поддржи дигитализацијата на Европа и да го забрза растот

Huawei е уверен дека може да ја забрза европската дигитална агенда преку побрзо воведување на новите технологии и да го поттикне растот на стопанството. Бизнис стратегијата на Huawei целосно ги поддржува целите и стратешките проекти во Белата книга за дигитална стратегија на Европската унија.

Кинеската компанија може целосно да ја поддржи реализацијата на индустриската стратегија на Европската унија со свои финансиски средства, со што ќе го поттикне растот на цела Европска Унија, вели Абрахам Лиу, претставник на Huawei за ЕУ институциите. Лиу вели дека Huawei веќе ја има потребната инфраструктура, со која може да ја поддржи и забрза европската дигитална агенда.