Половина од 5G смартфоните се продале во Кина

Објавено на 22.02.2020 во Новости



Половина од 5G смартфоните се продале во Кина

Според податоците кои ги објави Counterpoint Research речиси половина од сите продадени 5G смартфони во текот на целата година се продале само на кинескиот пазар, додека останатите земји во светот заостануваат.

Од продадените 5G смартфони во Кина најголема доминација имаат моделите на Huawei и суб-брендот Honor. На глобално ниво исто така одлично котира Samsung кој испорачал 40% од вкупниот број на продадени 5G смартфони за годината која измина.

Во поглед на глобалните трендови забележан е пад од 3% на продажбата на смартфони во споредба со 2018 година, а овој надолен тренд се очекува да продолжи со оглед на епидемијата на корона вирусот кој ги ограничи производните капацитети на кинеските фабрики за испорака на нови колични на смартфони.