Android 11 достапен за девелоперите - Што ќе има ново?

Објавено на 23.02.2020 во Новости



Android 11 достапен за девелоперите - Што ќе има ново?

Google ја направи достапна првата тест верзија на мобилниот оперативен систем Android 11 која ќе може да ја пробуваат девелоперите. Целта на тест периодот ќе биде да се најдат потенцијалните грешки и слабости на системот се додека не дојде времето за официјално лансирање на Android 11 за глобална употреба до крајните корисници.

Од друга страна тест периодот овозможува девелоперите пред јавноста да откриваат и што ново ќе содржи оперативниот систем Android 11 иако тоа не е гаранција дека ќе биде дел од финалниот софтвер. 

Android 11 според досегашните информации ќе биде посветен на максимално искористување на потенцијалите кои ги нуди супер брзата мобилна 5G конекција, потоа поддршка за нови и напредни форми на екрани (флексибилни, двојни, на преклоп и итн), како и многу подобрувања на перфомансите во различни категории.