Се појави прв тест на Samsung Galaxy A71 5G

Објавено на 23.02.2020 во Новости



Се појави прв тест на Samsung Galaxy A71 5G

Samsung Galaxy A71 5G се појави на прв бенчмарк тест на сајтот Geekbench со напредниот осум-јадрен Exynos 980 процесор кој нуди одлично искористување на новата мобилна конекција и драстично подобри графички перформанси како на самиот дисплеј, така и на GPU картичката.

Samsung Galaxy A71 5G исто така ќе располага со 8 GB RAM, 64 или 128 GB основна вградена меморија, Android 10 оперативен систем и ONE UI 2.0 кориснички интерфејс, па наскоро очекуваме да го видиме и во акција.