Huawei во Барселона го претстави новиот Mate XS

Објавено на 25.02.2020 во Новости



Huawei во Барселона го претстави новиот Mate XS

Huawei во Барселона го презентираше Huawei Mate XS, кој ја поседува најнапредната технологија на Huawei и моментално е најсовремен уред со Kirin 990 процесор и подобрен Falcon Wing дизајн со шарки. 

„Huawei Mate X беше нашиот прв чекор во категоријата на преклопни уреди и постави пазарни стандарди. Mate Xs ги подигна критериумите со подобрени можности и интегрирано корисничко искуство“, изјави Ричард Ју, извршниот директор на Huawei CBG.

Huawei Mate Xs поседува FullView искуство со склопувачки 8-инчен дисплеј и Falcon Wing дизајн, со над 100 делови одговорни за (ра)склопување на уреди, благодарение на течниот метал на база на циркониум. Така со новиот дизајн телефонот е поиздржлив, овозможувајќи преклоп од 180 степени.