Sony Xperia 1 II излезе на виделина со 4K OLED дисплеј

Објавено на 25.02.2020 во Новости



Sony Xperia 1 II излезе на виделина со 4K OLED дисплеј

Sony го претстави првиот 5G смартфон со 6,5-инчен 4K OLED HDR дисплеј и 5G модем. Xperia 1 II (Xperia One Mark Two) со новата HDR технологија овозможува поголемо чувство на реалност на сликата на екранот.

Sony Xperia 1 II има подобрена аудио технологија што пристигнува со звук што се шири 360 степени со предните стерео звучници. Ова е нешто феноменално. Телефонот располага со тројна камера од 12MP од Zeiss, плус 3D-камера за зумирање, а селфи камерата изнесува 8MP. Голема предност е што секоја камера е со слој против рефлексија. 

Автор: Aleksandar Stankov