Huawei ја претстави 5G мрежата со вештачка интелигенција за компаниите и школите

Објавено на 25.02.2020 во Новости



Huawei ја претстави 5G мрежата со вештачка интелигенција за компаниите и школите

Huawei најави целосна комерцијализација на своето технолошко решение специјализирано за образовни институции и големите деловни објекти, под името HiCampus. Тоа овозможува целосна безжична напредна поддршка за дислоцирано работење, видео-конференции и едукации базирани на AR и VR технологии.

Истовремено претставил и десет нови поддржувачки AirEngine пристапни точки што овозможуваат брз оптички пренос на податоци преку 5G мрежата и Wi-Fi 6 стандардот, а имаат имплементирана платформа со решенија базирани на технологијата на вештачката интелигенција. 

Huawei со HiCampus решението сака да го подобри корисничкото искуство во образовните институции и едукативните кампуси на големите деловни системи.