Продавница на Amazon од иднината, купувачите ќе земаат и ќе си одат

Објавено на 25.02.2020 во Новости



Продавница на Amazon од иднината, купувачите ќе земаат и ќе си одат

Пред 25 години Amazon беше компанија што продава книги преку интернет, а денес тоа е една од највредните компании на светот, која ни покажува како би можела да изгледа иднината на продавниците. Во таа иднина не само што нема да користиме готовина за плаќање, туку купените нешта нема да ги носиме на благајна.

Каса за наплата нема ни да има, туку ќе ги ставаме нештата во кошничка и веднаш излегуваме од продавницата, без наплата со картичка или мобилно плаќање. Amazon го иницираше овој концепт пред две години, па отсега продавниците на Amazon Go се отворени на над 20 локации во Сиетл, Чикаго, Њујорк и Сан Франциско. Денес Amazon отвара уште една таква продавница во Сиетл, која е четири пати поголема од првата продавница и во неа ќе може да се купат над 5 илјади производи. 

Автор: Aleksandar Stankov