ЕУ ќе ги враќа заменливите батерии на смартфоните

Објавено на 26.02.2020 во Новости



ЕУ ќе ги враќа заменливите батерии на смартфоните

Европската Унија подготвува нова задолжителна регулатива која ќе ги принуди производителите на смартфони да овозможат лесна замена на батериите по истекот на нивната употреба.

Пред неколку години што и не беше така одамна речиси секој Android смартфон имаше можност да се отстрани и лесно замени неупотребливата батерија но, со новите дизајни корисникот нема пристап до внатрешноста на уредот.

Со оваа пракса драстично се зголеми електронскиот отпад бидејќи корисниците по најмногу две години ги менуваат смартфоните иако истите може да се употребуваат многу подолго.

Автор: Aleksandar Stankov