iPhone смее да се користи само од позитивци на филмови

Објавено на 27.02.2020 во Новости



iPhone смее да се користи само од позитивци на филмови

Apple сака да го заштити својот бренд и го прикажува само во позитивно светло. Така имаат и строги правила за начинот на кој уредите се рекламираат и прикажуваат, и тоа само во најдобро светло, пишува на веб страницата за користењето на името и брендот на компанијата на Кук.

Режисерот Рајан Џонсон откри информација што не е позната толку за Apple. Нивните уреди често се користат во филмови и серии, но дали некој размислил досега дека кога сакаат iPhone, iPad и Mac да се користат во филм, политиката на Apple забранува нивно користење од страна на негативни ликови. iPhone смеат да користат само позитивци.

Автор: Aleksandar Stankov