Huawei P40 Lite пристигна во Европа

Објавено на 27.02.2020 во Новости



Huawei P40 Lite пристигна во Европа

Huawei го лансираше првиот смартфон од новата P40 серија, и како вообичаено станува збор за Lite моделот кој припаѓа на средната висока класа со доволен број на новитети во хардверот иако е речиси идентичен како и Nova 6 SE, но со друго име.

Huawei P40 Lite доаѓа во Европа со 6.4 инчен LCD Full HD+ дисплеј, работи со осум-јадрен Kirin 810 процесор, со 6 GB RAM и 128 GB вградена меморија, со quad главна камера на задната страна со примарен сензор од 48 мегапиксели, 16 мегапикселна f/2.0 селфи камера, батерија со капацитет од 4,200 mAh и брзо полнење од 40W.

Huawei P40 Lite не располага со пристап до апликациите во Google Play Store, иако ја користи новата верзија на оперативниот систем Android 10 со EMUI 10 корисничкиот интерфејс.