Продажбата на смартфони ќе падне за 10%

Објавено на 28.02.2020 во Новости



Продажбата на смартфони ќе падне за 10%

Мобилната индустрија ќе има тешка прва половина од 2020 година бидејќи според прогнозите се очекува пад на продажбата на смартфони од дури 10% споредено со истиот период лани.

Причините се должат пред се на пад на купувањето на нови смартфони во Кина каде падот на нови испорачани смартфони се очекува да изнесува дури 40%.

Голем број на производители ќе имаат проблеми да ги пополнат потребните залихи бидејќи кинеските фабрики во кои се произведуваат смартфоните се затворени поради ширењето на заразата со корона вирусот. 

Стабилизација на пазарот на смартфони се очекува по втората половина на оваа година, како и по намалување на бројот на заразени со корона вирусот.