Black Shark 3 Pro ќе има вградени копчиња како гејмерски контролер

Објавено на 28.02.2020 во Новости



Black Shark 3 Pro ќе има вградени копчиња како гејмерски контролер

Black Shark 3 Pro ќе биде ултимативниот гејминг смартфон кој покрај импресивните хардверски иновации, ќе понуди и вградени копчиња кои ќе се извлекуваат од самото тело на уредот.

Вградените копчиња наликуваат на R1 и L1 копчињата на контролерот Dual Shock на PlayStation, па така гејмерите ќе може да добијат подобро корисничко искуство, особено за користење на овие копчиња за пукање и зумирање при First Person Shooting видео игрите, слично како кај видео конзолите. 

Black Shark 3 Pro официјално ќе биде претставен на 3 март со 120Hz дисплеј, осум-јадрен Snapdragon 865 процесор, 16 GB RAM, 5,000 mAh батерија и супер рекордно брзо полнење од 65W.