Ризик за корисниците на Huawei ако преземаат апликации на Google - YouTube и Gmail

Објавено на 29.02.2020 во Новости



Ризик за корисниците на Huawei ако преземаат апликации на Google - YouTube и Gmail

Google соопштува дека има ризик за Huawei смартфони, доколку се преземаат апликации од Google Play Store, како што се на пример YouTube и Gmail. 

„Уредите на Huawei што се претставени пред 16 мај 2019 година, се уште ќе добиваат надградба. Сите уреди претставени после оваа дата, или ќе бидат претставени во иднина, за жал нема да ги користат сервисите на Google. Исто така оваа комапнија ги советува корисниците да не симнуваат копии на апликации како YouTube и Gmail, бидејќи тие копии може да им наштетат на нивните уреди“, вели Google.

Поради забраната за соработка со Huawei од страна на САД, нема да може да се користат апликациите на Google. Односно, идните уреди нема да доаѓаат со сервисите на Google .





 
Најнови телефони
 
 


{}