Бил Гејтс: Коронавирусот е пандемија што се јавува еднаш во 100 години

Објавено на 01.03.2020 во Новости



Бил Гејтс: Коронавирусот е пандемија што се јавува еднаш во 100 години

Времето ни истекнува, мора да ја спречиме оваа пандемија, вели Бил Гејтс, основачот Microsoft и еден од најбогатите луѓе на светот. Во последните години е повеќе познат по својот активизам и хуманитарна работа, отколку по бизнисот.

„Минатата недела COVID-19 почна да се однесува како патоген, кој го гледаме еднаш во 100 години, од што се плашевме. Се надевам дека нема да биде толку лошо, но мораме да го очекуваме најлошото, додека не дознаеме повеќе“, пишува Гејтс.

Гејтс во својот текст говори за пандемија (епидемија што се проширила на голема област), Светската здравствена организација е се уште внимателна и го користи изразот епидемија. Меѓутоа, со оглед на тоа како се шири вирусот, само е прашање на време кога ќе биде прогласена пандемија. Гејтс предупредува дека сите имаме подеднаква одговорност во секоја криза. Лидерите мора да преземат одлучни мерки веднаш, немаме повеќе време, вели Бил.





 
Најнови телефони
 
 


{}