Amazon забрани над милион производи што наводно лекуваат коронавирус

Објавено на 02.03.2020 во Новости



Amazon забрани над милион производи што наводно лекуваат коронавирус

Во борбата против епидемијата од коронавирусот не учествуваат само лекарите, туку и технолошките компании. Facebook ги забрани и ги отстрани рекламите што лажно ветуваат лекување од коронавирус, но Amazon е поостар.

Забрането е да се продадат над милион производи за кои продавачите тврдат дека може да излекуваат зараза или да ја спречат. Отстранети се исто така и 10 илјади производи, чии цени пораснале овие денови за десетина пати. Најчесто тоа биле марамици за дезинфекција и книги за епидемии.