Теоријата на Џобс: Што ги дели лидерите од обичните вработени

Објавено на 02.03.2020 во Новости



Теоријата на Џобс: Што ги дели лидерите од обичните вработени

Помина долго време од смртта на Стив Џобс и за него се знае речиси се. Освен по визијата и перфекционизмот, Џобс беше познат и по својот карактер и однос кон вработените, кои не ги штедел и од нив барал само максимален ангажман на работа.

Џон Росман во книгата за Amazon пишува дека Џобс ја кажал приказната за чистачот во компанијата. Разликата меѓу чистачот и оној што е на позиција е голема. На пример, доколку чистачот не го исчистил ѓубрето во канцеларијата, Џобс би се обратил кај него за да му објасни дека бравите се сменети и дека треба да добие нов клуч. Тоа значи дека чистачот има право на грешки, односно нема да биде проблем доколку не изврши некоја обврска поради таков проблем.

Во споредба со човекот на позиција, тој нема одговорност, додека лидерот е заслужен за сите проблеми, успеси и неуспеси во компанијата, односно „потпретседателот е одговорен за сите грешки што ќе се случат“. Стив Џобс знаел да каже многу пати за проблемите – „причините не се важни“.