Прикажани први слики од дизајнот на Huawei P40

Објавено на 02.03.2020 во Новости



Прикажани први слики од дизајнот на Huawei P40

Huawei се подготвува наскоро да го каже својот прв поголем збор годинава како одговор во премиум класата. На 26 март е закажана големата промоција за новите модели од оваа серија, а сега за прв пат се прикажани слики од прототип на Huawei P40.

Во ограничената фото сесија која ја имаше DigiTimes прикажана е само задната страна на новиот супер модел Huawei P40 од која е откриено дека смартфонот ќе има тројна главна камера со големи леќи и еден придрижен сензор 3D ToF скенирања. 

Новиот Huawei P40 ќе има заоблена маска на задната страна и мала заобленост на дисплејот. Маската ќе има сјајен финиш кој ќе се прелева во повеќе бои во зависност од отсјајот на надворешната светлина.