Xiaomi ја пушти Android 10 надградбата за Mi A3 и одма ја повлече

Објавено на 02.03.2020 во Новости



Xiaomi ја пушти Android 10 надградбата за Mi A3 и одма ја повлече

Xiaomi по долг период на подготовка конечно ја лансираше софтверската надградба за смартфонот од почетните класи Mi A3 со што израдува голем број на корисници, но поради интерни проблеми истата веднаш ја повлече. 

Дел од корисниците кои први ја инсталирале надградбата со оперативниот систем Android 10 добиле проблеми со уредот кој се блокирал. Затоа засега за Mi A3 е достапна само февруарската безбедносна надградба.

Додека не се решат сите проблеми ќе се одложи надградбата со новата верзија на Android 10 која за Xiaomi A3 треба да донесе поголема примена на Dark Mode низ сите елементи на корисничкиот интерфејс. 





Прочитајте повеќе: