Samsung Galaxy A21 протече со четворна камера и Infinity-O дисплеј
Објавено на 03.03.2020 во Новости
Најпродаваните буџетски смартфони минатата година беа Galaxy A10 и Galaxy A20. Samsung веќе ги развива наследниците, при што сега излезе слика со Galaxy A21 со Infinity-O дисплеј со тенки рамки и блескава пластика.
Новиот модел има сензор за отпечатоци за прсти од задната страна веднаш до логото на Samsung и четворната камера, која е навистина импресивна покрај ниската цена што се очекува. Galaxy A21 ќе биде со Exynos 7904 процесор, кој претходно беше во Galaxy A30 и Galaxy A40, 4GB + 64GB меморија, батерија од 4,000mAh и Android 10 оперативен систем.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.