OnePlus 8 пристигнува во текот на април

Објавено на 04.03.2020 во Новости



OnePlus 8 пристигнува во текот на април

OnePlus брендот кој на некој начин го пополни отсуството на HTC во премиум сегментот, се очекува некаде во текот на април да ги претстави новите смартфони од високата класа OnePlus 8, OnePlus 8 Pro и OnePlus Lite.

Со оглед на тоа што цената на смартфоните на овој бренд низ годините се зголемуваше не е големо изненадување што годинава ќе биде лансиран и Lite модел на OnePlus 8 со цел да ги задржи фановите кои очекуваат супер квалитетни перформанси по многу пониски цени. 

Се претпоставува и дека физичка промоција на новите OnePlus 8 смартфони нема да се одржи поради корона вирусот, па така останува да се направи онлајн стриминг на промотивните активности.