Samsung Galaxy Z Flip: Продажба подобра од очекуваната

Објавено на 06.03.2020 во Новости



Samsung Galaxy Z Flip: Продажба подобра од очекуваната

Влијанието на коронавирусот повеќекратно се чувствува на мобилниот пазар - од проблеми со набавка и испорака на компоненти, па се до пад на продажбата на смартфони, особено на кинескиот пазар. Ситуацијата со вирусот е една од причините поради кои продажбата на Samsung Galaxy S класата не е во согласност со очекувањата на аналитичарите.

Galaxy Z Flip е поевтин од Galaxy Fold моделот, а интересот на корисниците за новиот преклопен смартфон е поголем од очекуваното. Samsung затоа планира да го зголеми производството, со цел понудата да биде во согласност со по побарувачката. Во Јужна Кореја, Франција, Шпанија, Швајцарија, САД и други, телефонот е веќе распродаден. Ако така се продолжи, Samsung ќе треба да испорача од 2 до 2,5 милиони парчиња од Galaxy Z Flip.