GM вложува 20 милијарди долари за напад на Tesla

Објавено на 06.03.2020 во Новости



GM вложува 20 милијарди долари за напад на Tesla

Tesla е прв во областа на електричните автомобили, а конкуренцијата не спие и се спрема за електричната иднина. Директорката на американскиот General Motors, Мери Бара неделава најави дека до 2025 година компанијата ќе вложи 20 милијарди долари во развој на електрични возила.

Ова ќе биде дел од транзициската стратегија од производителот на автомобили со мотори со внатрешно согорување. Во текот на следните три години, GM најави дури 20 нови електрични возила на глобалниот пазар, а првите модели ќе бидат GMC Hummer, резервиран за 2021 година и Cadillac Lyriq една година подоцна.