Коронавирусот може да ја одложи продажбата на PlayStation 5 и новиот Xbox
Објавено на 07.03.2020 во Игри
Поголем дел од производството на конзоли се одвива во Кина, жариштето на коронавирусот, и затоа би можело да има големи проблеми со производството на PlayStation 5 и новиот модел на Xbox. Ова требаше да биде голема година за сите гејмери.
Уште сега Nintendo не може да произведе доволно Switch модели за да ја задоволи побарувачката, а Sony се спрема за пад на производството на PlayStation 4, Facebook има слични проблеми со очилата за виртуелна реалност - Oculus Quest, итн. Се уште е неизвесно каде ќе води стравот од коронавирусот и што ќе се случува со технолошката индустрија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.