Samsung со „златен медал“ од трката со 5G смартфони за 2019
Објавено на 08.03.2020 во Новости
Според официјалниот извештај на Counterpoint, потврдено е дека 74% од 5G смартфоните продадени во САД минатата година се на Samsung. И покрај тоа што побарувачката за 5G смартфони била помала од очекуваната, и била 1% од вкупната продажба за 2019, Samsung секако би победил во оваа област за 2019 година.
Samsung има удел од 74% на 5G пазарот со смартфони, LG е со сребрен медал од 15% и OnePlus е со 11%. Најпродаваниот 5G телефон на Samsung е Galaxy Note 10 Plus 5G, а вториот 5G телефон на Samsung е Samsung S10 5G.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.