Huawei P40 Pro: Пет камери со 52MP главен сензор

Објавено на 09.03.2020 во Новости



Huawei P40 Pro: Пет камери со 52MP главен сензор

Неколку недели пред да излезе официјално новата Huawei P40 серија, излегоа спецификациите за камерите на трите модели. Huawei P40 Lite ќе има тројна камера, P40 ќе биде со четири камери и ултимативниот P40 Pro со пет камери. Цените ќе бидат слични како оние на Galaxy S20.

Се уште неофицијални се информациите за P40 верзијата со пет камери, но би требало Pro да пристигне со 52MP Sony IMX700 1/1.28″ RYYB камера, 40MP ултра-широка камера со Sony IMX650 RGGB 1/1.5″, и 3X телефото, ултра-долга 10X перископска камера со ToF сензор за длабочина. Huawei ќе ја открие P40 серијата во Париз на 26 март.

Автор: Aleksandar Stankov