Xiaomi Mi A2 Lite по втор пат добива голема софтверска надградба

Објавено на 09.03.2020 во Новости



Xiaomi Mi A2 Lite по втор пат добива голема софтверска надградба

Xiaomi Mi A2 Lite се наоѓа пред втората голема надградба на оперативниот систем откако веќе еднаш беше надграден со Android 9.0 Pie. 

Сега корисниците на Xiaomi Mi A2 Lite може да ја очекуваат и новата софтверска надградба со најновата верзија на оперативниот систем Android 10.

Со оваа надградба Xiaomi Mi A2 Lite ќе добие системска примена на Dark Mode, како и подобра приватност и заштита на податоци, подобри нотификации и други подобрувања на интерфејсот MiUI.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: