Во Кина за 45% падна продажбата на смартфони

Објавено на 10.03.2020 во Новости



Во Кина за 45% падна продажбата на смартфони

Според последните статистички податоци продажбата на смартфони во Кина во февруари паднала за дури 45% што е е едно од најголемите забавувања на растот досега.

Најголем удар претрпеле секако големите брендови како Apple, Huawei, Samsung и Xiaomi како во поскапите премиум класи така и во понудата на поевтини модели.

Целиот пад на пазарот исклучиво се должи на ширењето на корона вирусот, а стабилизација се очекува дури во втората половина на 2020 година.