Словенија можно е да ја отфрли 5G мрежата

Објавено на 11.03.2020 во Новости



Словенија можно е да ја отфрли 5G мрежата

Владата на Словенија официјално го стопира воведувањето на  5G мрежата во земјата, по предлог на Министерот за управа. Се мора прво да се испита, па потоа да се процени дали смее да се воведе.

Министерот вели дека „сомнежите за штетноста на 5G технологијата се оправдани“. Најновата одлука е со цел да се зачува здравјето на населението и животната средина во Словенија, која е единствена земја во светот што ја штити водата со Устав, и ја третира како човеково право и јавно добро.