iPhone излегува со најголем OLED дисплеј досега и 5G мрежа

Објавено на 11.03.2020 во Новости



iPhone излегува со најголем OLED дисплеј досега и 5G мрежа

Новата генерација на iPhone ќе биде со OLED дисплеи и екрани од 5,4, 6,1 и најголемиот дисплеј досега од 6,7 инчи. Се разбира, ќе има подобар хардвер и поквалитетни камери. Освен новите екрани се очекуваат и некои промени во дизајнот, најголеми после претставувањето на X моделот.

Се очекува сите нови модели да имаат поддршка за 5G. Овој новитет сигурно ќе биде голем мамец за корисниците на кои веќе им истекол договорот, но се воздржаа од купување на нов телефон. Аналитичарите сметаат дека оваа година ќе има голема побарувачка за новата генерација на iPhone. Се разбира, проблемите со коронавирусот не смеат да продолжат ако сакаме се да биде во ред. 





Прочитајте повеќе: