Walkiie апликацијата ќе им помага на лицата со попреченост

Објавено на 11.03.2020 во Новости



Walkiie апликацијата ќе им помага на лицата со попреченост

Тимот “Нешто Нетипично” победи на младинскиот предизвик “Генерација без граници” 2019, па така почна со реализација на идејата за мобилна апликација, наменета за лица со попреченост и лица со типичен развој. Целта е да се помогне на лицата со попреченост да излезат надвор и да се социјализираат, а да им се помогне и на нивните родители исто така.

Апликацијата се вика Walkiie, а со логото се гледа дека двете се поврзуваат и станува Walkme (оди со мене, однеси ме). „Она што најмногу ни е потребно, е да допреме до родителите и старателите на лицата со попреченост, но и сите оние млади кои би сакале да се пријават како волонтери”, соопштува тимот на „Нешто Нетипично”. Повеќе информации имате на:

Facebook: https://www.facebook.com/walkiieapp/ (WalkiieApp)

Instagram: https://www.instagram.com/walkiie_app/ ( walkiie_app)

Email: [email protected]

Web site: http://walkiie.com/

Автор: Aleksandar Stankov