Колку евтин ќе биде новиот Google Pixel 4a?

Објавено на 11.03.2020 во Новости



Колку евтин ќе биде новиот Google Pixel 4a?

Google наскоро ќе го лансира новиот смартфон од средната висока класа Pixel 4a за кого веќе е откриена цената која ќе биде многу компетитивна и ќе му овозможи на уредот да стигне до поголем круг на корисници.

Google Pixel 4a веќе и официјално е потврдено дека ќе се продава по цена од 399 долари со што дефинитивно ќе биде еден од најевтините Pixel смартфони во последно време, нешто што беше карактеристики за смартфоните на Google пред години. 

Google Pixel 4a ќе има неколку компромиси за да ја одржи ниската цена како пластично тело, осум-јадрен Snapdragon 730 процесор и двојна главна камера на задната страна, но ќе има доста солидни перформанси.