Што ќе понуди Samsung Galaxy Tab S6 Lite?
Објавено на 11.03.2020 во Новости
Samsung и натаму планира да лансира нови таблети на пазарот без оглед што веќе нивните смартфони ја стигнаа големината од 7 инчи. Еден од нив ќе биде новиот модел Samsung Galaxy Tab S6 Lite кој и според самото име асоцира дека ќе биде за нијанса поевтин.
Samsung Galaxy Tab S6 Lite ќе има основна големина на екранот од 7 инчи, ќе поддржува работа со Stylus, ќе работи со Exynos 9611 процесор, со најмалку 4 GB RAM, 64 GB основна меморија и Android 10 оперативен систем.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.