Папата Франциско одржа виртуелен говор против коронавирусот

Објавено на 12.03.2020 во Новости



Папата Франциско одржа виртуелен говор против коронавирусот

Папата Франциско е затворен во Ватикан поради епидемијата од коронавирусот. Тој го одржа првиот виртуелен говор, со кој им заблагодари на медицинскиот персонал на работата, но го повика и светот за да не ги заборави бегалците од Сирија.

Повеќето говори на Папата се одржуваат во катедралата на Свети Петар и привлекува десетици илјади луѓе. Франциско кажа дека е близок со „сите заболени од коронавирусот и оние што страдаат од несигурност“. 80-годишниот Папа му се заблагодари и на медицинскиот персонал и волонтерите на работата за овие тешки моменти. После Кина, Италија е најпогодената земја во светот со 631 смартни случаи досега и 10.149 заразени со коронавирусот.