САД ја продолжи дозволата за соработка со Huawei до 15 мај

Објавено на 13.03.2020 во Новости



САД ја продолжи дозволата за соработка со Huawei до 15 мај

Huawei е се уште на црната листа на американската администрација, но покрај сите вести за коронавирусот, речиси и не беше забележано дека ситуацијата не е толку црна. САД објави дека ја продолжува привремената дозвола со која на американските компании им дозволува да соработуваат со Huawei, и тоа до 15 мај.

Со тоа ќе заврши 1 година од привремените дозволи, откако минатата година во април, американската администрација ја почна трговската војна. САД овој пат размислува за трајно да ја забрани трговската размена со Кина, но проблемот е тоа што бројни американски телеоператори во руралните области, користат исклучиво опрема од Huawei. Продолжувањето на последнава дозвола беше најмногу поради нив, со цел да најдат алтернатива за опремата на Huawei.