Huawei P40 lite излезе со 6GB RAM и 128GB ROM

Објавено на 13.03.2020 во Новости



Huawei P40 lite излезе со 6GB RAM и 128GB ROM

Huawei го претстави новиот Huawei P40 lite, кој пристигнува со IPS дисплеј со големина од 6,4-инчи и резолуција од 2.310х1.180 пиксели. Под хауба има RAM меморија од 6GB, внатрешна меморија од 128GB, батерија со капацитет од 4.200mAh, Kirin 810 процесор.

Huawei P40 lite има четворна задна камера, главната камера е со 48MP, ултрашироката камера има 8 MP со Bokeh ефект и двата макро објектива имаат по 2MP. Цената останува се уште непозната. Продажбата почнува на почетокот на април.