Демант од А1 Македонија поврзан со настанот „Get in the ring Skopje 2020“

Објавено на 13.03.2020 во Новости



Демант од А1 Македонија поврзан со настанот „Get in the ring Skopje 2020“

Би сакале да ве известиме дека А1 Македонија активно ги следи сите случувања поврзани со COVID – 19 вирусот во земјата и во регионот и следствено на тоа, минатиот месец ги одложи сите предвидени настани, меѓу кои и натпреварот за претприемништво „Get in the ring Skopje 2020“, кој требаше да се одржи во просториите на компанијата.

Објавената информација од страна на организаторот на настанот, Студентски парламент на ФИНКИ е грешна и некоординирана со А1 Македонија.

Уште еднаш потенцираме дека А1 Македонија одговорно ги следи препораките на СЗО и Министерството за здравство и ги презема сите мерки за заштита на вработените и корисниците и ќе продолжи да реагира согласно ситуацијата и препораките. За сите активности и настани на компанијата ќе бидете уредно и навремено известени.