Познати ли се европските цени на Huawei P40?

Објавено на 13.03.2020 во Новости



Познати ли се европските цени на Huawei P40?

Според најновите информации смартфоните од премиум серијата Huawei P40 ќе бидат најскапите досега со неколку новитети во хардверот.

Huawei P40 со 8 GB RAM и 128 GB основна меморија ќе се продава по цена од 849 евра, додека пак Huawei P40 Pro со 12 GB RAM и 256 GB ROM ќе може да се купи за сума од 1149 евра.

Промоцијата на Huawei P40 е закажана за 26 март па наскоро ќе знаеме многу повеќе детали.