Бил Гејтс заминува од управниот одбор на Microsoft за да се занимава со филантропија

Објавено на 14.03.2020 во Новости



Бил Гејтс заминува од управниот одбор на Microsoft за да се занимава со филантропија

Microsoft во петокот објави дека неговиот ко-основач Бил Гејтс заминува од управниот одбор со цел да се посвети на хуманитарната работа. Милијардерот пред 10 години се повлече од лидерската позиција во компанијата, и стартуваше со фондација што го носи неговото име и името на неговата сопруга Мелинда Гејтс.

Microsoft го основал во 1975 година заедно со Пол Ален, а во управниот одбор бил од 2014 година. „Голема чест и гордост ми е да работам и учам со Бил сите овие години“, вели Сатја Надела, извршниот директор на групацијата.