Седете дома и посетете ги најдобрите музеи во светот
Објавено на 14.03.2020 во Новости
Google, заедно со најдобрите музеи во светот се потруди на сите корисници додека се затворени дома со препораки да не излегуваат надвор и да се изложат на ризик од ширење на корона вирусот, овозможи бесплатни и виртуелни прошетки и разгледувања на најдобрите уметнички и научни дела.
Корисниците преку делот Google Arts and Culture ќе може да ги посетат од својот дом најдобрите музеи и да се едуцираат. Ова особено е корисно за учениците и студентите кои ќе може нешто да научат додека трае прекинот на наставата.
Сите музеи како British Museum London, Van Gogh Museum Amsterdam, the Guggenheim New York City и уште петстотини други може да ги посетите преку следниот линк.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.