Volkswagen ќе се бори да нема сообраќајни несреќи во иднина

Објавено на 15.03.2020 во Новости



Volkswagen ќе се бори да нема сообраќајни несреќи во иднина

Volkswagen верува дека е возможно еден ден да седнеме во автомобилот и дека нема да имаме сообраќајни несреќи. Мајкл Џост, главниот човек за управување со брендот, тврди дека тоа би можело да се случи за 30 години.

„Сакаме до 2050. година да нема повеќе сообраќајни несреќи“, вели Џост.

Таа амбициозна цел сакаат да ја реализираат со помош на софтвер, односно оперативен систем за возила, кои ќе ги лансираат со новото електрично возило ID:3. Благодарение на софтверот, процесорите и сензорите што ќе им овозможат на возилата навремено да ги препознаат и избегнат опасните ситуации, ќе учат како да се однесуваат на патиштата, во иднина автомобилите би можеле навистина да станат речиси сигурни.