Honor 30S излегува до крајот на март со 5G и ниска цена

Објавено на 16.03.2020 во Новости



Honor 30S излегува до крајот на март со 5G и ниска цена

Протекоа информации за новиот модел Honor 30S, кој ќе биде дефинитивно моќен смартфон со 5G поддршка за брз интернет. До крајот на овој месец би требало да го види светлото на денот.

Kirin 820 процесор ќе има под хауба и технологија за брзо полнење 40W. На сликата може да се види дека Honor 30S има четворна задна камера со скенер за отисоци на прсти на десниот раб на телефонот. Цената би требало да биде околу 270 долари.