Google ќе оди во војна против Apple и Samsung со ниски цени

Објавено на 16.03.2020 во Новости



Google ќе оди во војна против Apple и Samsung со ниски цени

Последните модели на смартфони се со одлични процесори, големи екрани и камери, кои може да заменат и професионален DSLR апарат. Сите производители, па дури и Apple почна со лансирање на поевтини модели, затоа што има таква таргет група што мора да се опфати.

Така компанијата на Џобс ги има iPhone XR и 11, додека Google минатата верзија ја претстави "a" верзијата на Pixel 3, со послаб хардвер и неверојатно привлечна цена од 399 долари за основниот модел. Во втората половина на 2020 година доаѓа уште една плејада на Pixel модели, од кои се очекува еден да има ниска цена за да се бори против Apple и Samsung. Следниот Pixel 5 нема да го има најновиот Snapdragon процесор, туку ќе биде Snapdragon 765G.

Овој процесор е за 30%-50% послаб од Snapdragon 865, што за дел од корисниците што го бараат најсилниот телефон на пазарот би бил доволен за да се откажат од купување на најмоќните модели. Ако со одлична батерија и прифатлива цена, Google Pixel 5 и поголемиот модел Pixel 5 XL се опремат со одлични камери, се очекува нивните телефони да бидат best buy уреди на пазарот.