WhatsApp спрема опција поради која ќе се чувствувате како тајни агенти

Објавено на 17.03.2020 во Новости



WhatsApp спрема опција поради која ќе се чувствувате како тајни агенти

WhatsApp беше на мета на критики неколку месеци претходно поради безбедносни пропусти. Во WhatsApp сепак научиле нешто од тие бројни пропусти па осмислиле опција. Во својата бета верзија на апликацијата што се тестира, WhatsApp воведе самоуништувачки пораки.

Новата опција може да се користи во приватни и групни разговори, а корисниците ќе имаат избор дали сакаат пораката да трае еден час, еден ден, една недела, еден месец или една година. Се уште е непознато кога ќе може оваа опција да стане дел од апликацијата на WhatsApp, но сигурно е дека бројни корисници ќе ја употребуваат во своите разговори, особено ако се од доверлива природа.