Фејсбук ќе донира 100 милиони долари за мали бизниси

Објавено на 19.03.2020 во Новости



Фејсбук ќе донира 100 милиони долари за мали бизниси

Фејсбук дава 100 милиони долари во форма на заем за мали бизниси, со цел да им помогне и да ги извади од кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, официјално соопшти директорката на Фејсбук, Шерил Сендберг.

„Малите бизниси се важни за нашата заедница и многу луѓе што управуваат со вакви бизниси се многу погодени од кризата, затоа што сè повеќе луѓето остануваат дома. Колку подолго трае кризата, толку е поголем ризикот за малите бизниси и за егзистенцијата на нивните сопственици и вработените“, објаснува Сендберг.

Заемите се даваат со цел да се плаќаат давачките на вработените што не доаѓаат на работа и да се покријат трошоците за изнајмување и оперативните трошоци. Целта на Фејсбук е да обезбеди заем за 30.000 мали бизниси во над 30 земји, каде што е корпоративно присутен. Фејсбук ќе лансира и мрежен центар за деловни ресурси за да им помогне на малите бизниси со фејсбук-алатките со цел да продолжат да ги ангажираат клиентите на платформата., а нуди и бонус од 1.000 долари за секој од своите 45.000 вработени.