MacBook Air пристигнува со магична тастатура и подобра цена
Објавено на 19.03.2020 во Новости
Apple вгради магична тастатура во лаптопот MacBook Air - Magic Keyboard, без butterfly, со key travel од 1мм, исто како кај 16 инчениот MacBook Pro модел.
Новиот MacBook Air под хауба нуди Intel Core i5 и Intel Core i7 процесори од 10 генерација, со графички перформанси за 80% подобри од претходниот модел со новиот Intel Iris Plus.
Новиот модел на лаптоп ќе биде поевтин и ќе се продава за 1000 долари, кој доаѓа со почетна SSD меморија од 256GB, а ќе може да се надгради до 2TB.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.