Huawei прогласен за кандидат број 1 со 3,524 патенти според рангирањето на Европската канцеларија

Објавено на 19.03.2020 во Новости



Huawei прогласен за кандидат број 1 со 3,524 патенти според рангирањето на Европската канцеларија

Европската канцеларија за патенти (EPO) објави ранг листа на патенти за 2019 година. Презентираните податоци покажуваат дека за 2019 година примени се повеќе од 181,000 апликации за патент, што претставува зголемување од 4% во однос на 2018 година. Меѓу нив бројот на кинески апликации за патенти се зголеми за 29,2% - на 12.247 примероци, со што земјата е на четвртото место. САД, Германија и Јапонија се на првите три места.

5G и AI се области со најголем развој во 2019 година. „Брзиот развој на дигиталната технологија е најзабележителниот тренд за 2019 година“, се вели во изјавата на претседателот на EPO, Антонио Кампинос. Технолошкиот бренд Huawei ги собори топ листите, пред Samsung, LG, United Technologies и Siemens, и покрај притисокот од администрацијата на Трамп врз европските земји да престанат со употреба на уредите на Huawei Technologies Co. Рангирањето на компанијата исто така ја одразува зголемената важност на дигиталните комуникации, вклучително и следната генерација на безжични комуникации позната како 5G.

Доаѓањето на Huawei на врвот е врзано за огромната инвестиција на компанијата во истражување и развој, што се рефлектира во бројот на апликации за патенти. Во 2019 година Huawei инвестираше повеќе од 15 милијарди евра во истражување и развој. Компанијата продолжува да инвестира 10% -15% од годишните приходи во R&D. 10-годишната инвестиција на Huawei во R&D е околу 73 милијарди американски долари.

„Ова покажува дека Huawei инвестира многу во иновации“, рече Луис Беренгуер, портпарол на Европската канцеларија за патенти. Huawei е најголем претставник на патенти за дигитални комуникации, поставувајќи скоро ист број на апликации како Ericsson AB – 1,227 и Qualcomm Inc – 1,061 вкупно. Американските компании, предводени од Alphabet Inc и Microsoft Corp, завршија во првите пет во оваа област.

За Huawei Consumer Business Group

Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и ги користат 1/3 од светското население. Компанијата има 14 истражувачки центри во САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и

Кина. Huawei Consumer BG е една од трите деловни единици на компанијата и е активна во областа на мобилни телефони, компјутери и таблети, преносни и софтверски уреди и сл. Глобалната мрежа на Huawei е изградена со скоро 30 години искуство во телекомуникациската индустрија, а целта е да се испорачаат најновите технолошки иновации на потрошувачите ширум светот.

За повеќе информации: https://consumer.huawei.com/mk/

За најновите информации во врска со Huawei Consumer Business Group, следете нè на: Facebook: facebook.com/HuaweimobileMK/ Twitter: twitter.com/huaweimobilemk