Samsung Galaxy A41 претставен со подобрена тројна камера

Објавено на 19.03.2020 во Новости



Samsung Galaxy A41 претставен со подобрена тројна камера

Samsung Mobile претстави уште еден смартфон од средната висока класа, овој пат со подобрена тројна камера. Станува збор за моделот Samsung Galaxy A41 кој се очекува во продажба да се најде во јуни годинава.

Samsung Galaxy A41 е претставен со 6.1" FHD+ Super AMOLED дисплеј, има вградена селфи камера од 25 мегапиксели, располага со тројна главна камера со примарен сензор од 48 мегапиксели, работи со Helio P65 процесор, 4 GB RAM и 64 GB основна вградена меморија, додека пак батеријата има капацитет од 3,500mAh со брзо полнење од 15W.

Новиот Samsung Galaxy A41 ќе биде достапен во сина, бела и црна боја на маската.